среда, 2 април 2025

Разорен земјотрес во Јужна Азија: Земјата се стресе со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала (ВИДЕО)

Разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Мјанмар, пренесува Си-ен-ен.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Според медиумите, силни земјотреси се почувствувани и во Тајланд.

Во Бангкок преплашени жители излетале од високите згради.

На видеата кои се појавија на социјалните мрежи се гледа дека земјотресите биле доволно силни за да предизвикаат излевање на вода од базен.

Судејќи по снимката, изгледа дека има и срушени згради во Бангкок.

Кинескиот центар за сеизмолошка мрежа (ЦЕНЦ) соопшти дека земјотресот бил со јачина од 7,9 степени, според новинската агенција Ксинхуа, додека ЦЕНЦ соопшти на социјалните мрежи дека „потреси се почувствувани и во Јунан“.

Во моментов нема извештаи за последиците од земјотресот во земјата, која е среде граѓанска војна.

Според американскиот геолошки институт, епицентарот бил на околу 17,2 километри од градот Мандалеј, кој има близу 1,2 милиони жители. Околу 12 минути по првиот земјотрес, областа беше погодена од втор силен последователен потрес со јачина од 6,4 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ