недела, 21 декември 2025

Рама откако се потсмеваше со Трамп: Неверојатно е како функционираат медиумите

Медиумите низ светот објавија дека албанскиот премиер Еди Рама се потсмеваше со американскиот претседател Доналд Трамп за време на Самитот на Европската политичка заедница во Копенхаген.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп постојано погрешно изјавува дека придонел за решавање на „конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија“, мешајќи ја Ерменија со Албанија. Осврнувајќи се на грешката на Трамп, Рама на шега му рече на францускиот претседател Емануел Макрон дека треба да се извини што не им честитал на Азербејџан и Албанија за постигнатиот мир.

„Треба да ни се извините за тоа што не ни честитавте за мировниот договор што претседателот Трамп го склучи со нас“, му кажа Рама на Макрон во друштво на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

„Жал ми е поради тоа, момци“, Макрон веднаш ја прифати шегата, предизвикувајќи смеа кај сите тројца.

Рама, во меѓувреме, се огласи на социјалната мрежа Икс.

„Навистина е неверојатно како функционираат денешните медиуми и како таканаречената „виралност“ може толку лесно да ја искриви реалноста. Реченица изговорена со добар хумор, во дух на пријателство, одеднаш се претвора во светска насловна страница на целиот самит, додека сè друго, вистинската суштина, станува небитно.

Но да, беше забавно да се биде со мојот стар пријател Илхам Алиев и, во присуство на нашиот драг заеднички пријател Емануел Макрон, да го споменам лапсусот на претседателот Трамп дека дури и Албанија успеа да склучи мир со Азербејџан, додека самиот Емануел работеше неуморно, долго време, за воспоставување мир меѓу Азербејџан и Ерменија“, напиша Рама.

„Лабава забелешка, пријателски момент. Секако, нема проблем ако се шири, но да се изврти во политички отров е едноставно неправедно. Затоа, да ги исправиме работите:

Вистина е дека претседателот Трамп се покажа како лидер кој го врати зборот „мир“ во речникот на Западот по многу години. И да, за извонредно кратко време, тој постигна мир таму каде што другите се обидоа, но не успеаја, и тој неуморно продолжува да се стреми кон него.

Оваа ситуација не беше ништо повеќе од момент на добар хумор меѓу луѓето кои, всушност, се меѓу најголемите обожаватели на претседателот Трамп“, додаде Рама.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ