вторник, 10 февруари 2026

Рама го нарече обвинителот на Хашкиот суд „меѓународен идиот“

Албанскиот премиер Еди Рама го нарече специјалниот обвинител на Хашкиот суд Метју Хоулинг „меѓународен идиот“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Рама сподели видео од презентацијата на тој обвинител на судењето во Хаг на поранешниот лидер на ОВК Хашим Тачи, и тројца негови сообвинети за воени злосторства во Косово и Албанија (1998-99), во кое се наведува дека Тачи се обидел да ја измами и меѓународната заедница.

„Тачи можеше да го прикрие она што навистина се случуваше, особено (поранешниот американски функционер Џејмс) Рубин и (генералот Весли) Кларк покажаа дека немаат интерес да разберат што се случува во реалноста“, кажа вчера Хоулинг.

Рама напиша „каков меѓународен идиот“ под видеото.

Според зборовите на Хоулинг, Рубин и Кларк сакале да „бидат на вистинската страна од историјата“, игнорирајќи ја способноста на Тачи да ги измами.

Обвинителот посочи дека впечатоците на тие сведоци – кои тврдеа дека Тачи не бил воен командант на ОВК и дека не бил вмешан во злосторствата – биле површни, бидејќи не се темелеле на длабинско познавање на организацијата и активностите на ОВК, туку на лични средби и разговори.

„На тие изјави не треба да им се дава никаква тежина“, им кажа на судиите обвинителот Хоулинг за речиси идентичното сведочење на Рубин, Кларк и другите сведоци за одбраната на Тачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ