петок, 26 декември 2025

Ракетен напад врз камп во Либан, осум австриски војници се полесно повредени

Осум австриски војници кои се дел од мировните сили на ОН во Либан (УНИФИЛ) се здобиле со полесни и површни повреди во ракетен напад врз кампот Накуру во близина на границата со Израел, соопшти австриското Министерство за одбрана.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Најостро го осудуваме овој напад и бараме итна истрага“, се вели во соопштението на министерството, додавајќи дека не е јасно од која насока бил нападнат кампот и дека на ниту еден од војниците не му била потребна итна медицинска помош.

Израелската војска пред нешто помалку од еден месец започна копнена операција во Либан. При започнувањето на операцијата, Израелците нагласија дека станува збор за „локализиран и насочен напад“ врз позициите на Хезболах во пограничната област на јужен Либан.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно ги повика ОН да ги евакуираат припадниците на мировните сили (УНИФИЛ) од областите во Либан каде што продолжува конфликтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ