петок, 27 февруари 2026

Работник згмечил автомобил на отпад во Минхен, не забележал дека внатре има човек

Во минхенската населба Оберзендлинг во средата попладне смртно настрадал 82-годишен Германец кого, додека бил во автомобил на отпад, го згмечила дигалка за сечење и пресување стари возила.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти полицијата, автомобилот бил предвиден за уништување, а се претпоставува дека мажот незабележано влегол во возилото. Во моментот на несреќата 60-годишниот вработен во компанијата управувал со тешката машина што се користи за дробење стари автомобили.

Работникот со дигалката најпрво го згмечил покривот на возилото, а потоа го превртел на покрив. Дури тогаш, според наводите на полицијата, сведок забележал дека во автомобилот има човек, пренесува Би-би-си.

82-годишникот добил смртоносни повреди кога покривот на возилото бил смачкан. На местото на настанот биле повикани итните служби. Интервенирале пожарникари, екипи на брза помош и полиција. Пожарникарите морале да користат специјална опрема за да го извлечат телото од автомобилот.

Според полицискиот портпарол, возилото не му припаѓало на починатиот маж. Се верува дека 82-годишникот, кој живеел во Минхен, дошол на локацијата за да собира отпаден метал. Сообраќајната полиција на Минхен покренала истрага за околностите на несреќата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ