петок, 12 декември 2025

Путиновата награда за германски диригент предизвика бес во Берлин

Пијанистот Јустус Франц е критикуван затоа што ја прими наградата од рускиот претседател, објави Политико.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Конзервативен пратеник во Берлин повика на акција против германскиот диригент Јустус Франц, кој оваа недела отпатува во Москва за да го прими Орденот за пријателство од рускиот претседател Владимир Путин.

Пратеникот на Христијанско-демократската унија, Роланд Тајс, во четвртокот за Политико изјави дека германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер треба да го поништи Орденот за заслуги на Сојузна Република Германија на Франц.

„Секој што се здружува со диктатор чии, досега, хибридни воени агресии се насочени против нашата земја, повеќе не може да биде носител на Сојузниот орден за заслуги“, изјави Тајс за Политикк.

Путин во вторникот го награди 81-годишниот германски музичар, велејќи: „Со години Јустус Франц даваше плоден придонес во поттикнувањето поблиски односи и меѓусебно збогатување меѓу културите на Русија и Сојузна Република Германија.“

Во февруари 2023 година Франц го потпиша контроверзниот „Манифест за мир“, онлајн петиција од левичарската политичарка Сара Вагенкнехт, која повикува на преговори со Русија, вели Политико.

Според неговата веб-страница, Франц настапувал со Берлинскиот, Њујоршкиот и Виенскиот филхармониски оркестар, како и со Лондонскиот симфониски оркестар. Обожавател е на легендарните руски композитори Пјотр Чајковски и Сергеј Рахмањинов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ