Путин кажа дека разговорот со Трамп бил „чесен и суштински“, пренесува руската агенција ТАСС. Тој додаде дека Русија ја почитува американската позиција за војната во Украина. „Долго време немавме директни преговори од ваков тип“, ги објави неговите зборови новинската агенција ТАСС.
Путин истакна дека сака брз крај на војната „по мирен пат“ и потврди дека средбата со Трамп „го доближила до правилните одлуки“, но повторно инсистираше дека секое решение мора да се базира на отстранување на таканаречените „коренски причини“ за војната.
Putin said he seeks a swift resolution to the war “by peaceful means” and claimed his meeting with Trump “brought the sides closer to the right decisions.” However, he again insisted that addressing the so-called “root causes” of the war must be the basis for any settlement. pic.twitter.com/vKJDThDnoy
— WarTranslated (@wartranslated) August 16, 2025
Оваа формулација во пракса значи дека Москва нема намера да попушти пред своите клучни барања и црвени линии, кои вклучуваат редефинирање на украинската државност и безбедносната рамка во Европа.
Во раните утрински часови по самитот на Алјаска меѓу лидерите на Русија и САД, високи политичари во Москва брзо го прогласија состанокот за победа на Русија и нејзината верзија на војната во Украина.
„Средбата на Алјаска ја потврди желбата на Русија за мир, долгорочен и праведен“, кажа Андреј Клишас, влијателен претставник од партијата Единствена Русија на претседателот Владимир Путин.
Тој го прикажа самитот како достигнување за Русија и загуба за Украина и нејзините европски сојузници, кои се залагаа за безусловно примирје. Долгоочекуваниот самит во Енкориџ во петокот не успеа да донесе договор за решавање или паузирање на конфликтот, кој сега е во четвртата година, иако и Путин и американскиот претседател Доналд Трамп ги опишаа разговорите како продуктивни.






