На прашањето дали мисли дека светот се движи кон Трета светска војна, Путин сериозно одговори: „Загрижувачки е. Зборувам без иронија, без шега.“
Путин прво се осврна на војната во Украина, а потоа и на конфликтот меѓу Израел и Иран.
„Секако, постои голем потенцијал за конфликти. Тој расте и буквално ни е пред носот – и директно нè засега“, кажа тој.
„Ова, секако, бара од нас не само внимателно да следиме сè што се случува, туку и да бараме решенија… по можност со мирни средства, во сите насоки“, порача рускиот претседател.