„Го познавам Роберт Фицо како храбар и силен човек. Искрено се надевам дека овие квалитети ќе му помогнат да ја преживее оваа тешка ситуација“, ѝ кажал Путин во телеграма на словачката претседателка Зузана Чапутова.
Путин му посакал на Фицо „брз и целосно заздравување“.
На Фицо беа испукани неколку куршуми во Хандлови, град североисточно од Братислава, по одржување на седница на владата. Полицијата веднаш го уапсила напаѓачот, а Фицо е префрлен во болница.
Бројни европски лидери изразија шок и го осудија нападот на словачкиот премиер со порака дека не смее да има насилство во европската политика.