недела, 14 декември 2025

Путин во униформа на воената вежба на западната граница на Русија (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин се појави во воена униформа на големата воена вежба на руската и белоруската армија Запад 2025, која се одржува неколку дена на западните граници на Русија и Белорусија, односно во близина на источните граници на НАТО.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Путин го посети полигонот Мулино во регионот Нижни Новгород. Таму изјави дека во маневрите учествуваат 100.000 војници на 41 копнен и морски полигон, 333 авиони, околу 250 бродови и 10.000 парчиња воена опрема.

Претходно се сметаше дека во вежбата ќе учествуваат 30.000 војници, но бројната ситуација покажува значително поголема мобилизација.

Последната воена вежба Запад беше одржана во 2021 година, кога учествуваа 200.000 војници. Тогаш беше создаден контингент кој беше префрлен на границата со Украина непосредно пред целосната инвазија.

Тековните маневри делумно се одржуваат во Балтикот и во близина на источните граници на НАТО. На нив им претходеа упади на беспилотни летала во полскиот воздушен простор, за кои Варшава тврди дека биле руски, што дополнително ги зголеми тензиите во регионот.

Воената вежба Запад-2025, заеднички проект на Русија и Белорусија, започна пред четири дена и ќе заврши денес. Маневрите се одржуваат на повеќе полигони за обука во Белорусија и Русија, вклучувајќи ги и регионите што граничат со земјите-членки на НАТО.

Вежбата вклучува симулации на одбранбени и офанзивни операции, вежбање на соработката на вооружените сили на двете земји и сценарија што вклучуваат употреба на напредно оружје како што се хиперсоничните ракети „орешник“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ