Рускиот претседател кажа дека тие амбиции не се изненадување и дека треба да се сфатат сериозно.
„Би бил сериозен пропуст да се мисли дека станува збор само за ексцентрични изјави на новата американска администрација. Не станува збор за тоа“, кажа рускиот претседател.
Тој кажа дека Вашингтон слични планови за прв пат изнел уште во 1860-тите, но дека тогашниот предлог за анексија на Гренланд и Исланд бил одбиен.
„Тие планови имаат длабоки историски корени и јасно е дека САД ќе продолжат да ги промовираат геополитичките, воените и економските интереси на Арктикот. Што се однесува до Гренланд, мислам дека тоа е прашање кое засега две држави и дека нема врска со нас“, кажа Путин.
„Сепак, ме загрижува фактот што земјите од НАТО сè почесто го гледаат далечниот север како упориште за можни конфликти“, заклучи рускиот претседател.