недела, 14 декември 2025

Путин сугерира дека Москва и Вашингтон би можеле да постигнат договор за контрола на нуклеарното оружје

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека администрацијата на Соединетите Американски Држави вложува „искрени напори“ за решавање на конфликтот во Украина и навести дека Москва и Вашингтон би можеле да постигнат договор за контрола на нуклеарното оружје, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи на состанок со највисоките воени и цивилни претставници на Русија во Кремљ, Путин кажа дека ги информира за моменталната состојба на преговорите за Украина со Соединетите Американски Држави, како и за билатералните разговори со Киев.

„Би сакал да ве информирам за фазата во која се наоѓаме со моменталната американска администрација, која, како што сите знаат, според мене, вложува доста енергични и искрени напори за запирање на борбите, завршување на кризата и постигнување договори во интерес на сите страни вклучени во овој конфликт“, кажа Путин.

Тој изјави дека разговорите со САД имаат за цел создавање „долгорочни услови за мир меѓу нашите земји, во Европа и во светот како целина, ако постигнеме договори во областа на стратешката офанзивна контрола на оружјето во следните фази“.

Путин треба да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп на Алјаска во петок.

Русија и САД поседуваат убедливо најголеми арсенали на нуклеарно оружје во светот.

Последниот преостанат столб на контрола на нуклеарното оружје меѓу двете земји е Договорот за намалување на стратешкото оружје (Нов СТАРТ), кој истекува на 5 февруари 2026 година.

Дипломатскиот советник на Путин, Јуриј Ушаков, претходно изјави дека двајцата претседатели ќе одржат заедничка прес-конференција на самитот, по средбата во четири очи и со делегациите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ