среда, 21 мај 2025

Путин се осврна на распадот на Југославија: Тоа не можевме да го дозволиме во Русија

Властите во Русија не дозволија во деведесеттите години на минатиот век земјата да се распадне, како што тоа се случи во Југославија, изјави рускиот претседател Владимир Путин во документарниот филм „Русија. Кремљ. Путин. 25 години“, посветен на 25-те години негово владеење.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Погледнете што се случуваше во поранешна Југославија. Таква суровост во внатрешните оружени судири, грубо зборувајќи, избиваше од рамките на претставата за современата цивилизација. Не би сакал да зборувам, но се случуваше децата да ги забиваат со шајки за огради. Тоа е катастрофа, ужас“, истакна рускиот претседател.

Тој истакна дека актуелните власти не можеле да дозволат во Русија да се создаде таква ужасна ситуација.

„Затоа тогаш мојата задача број еден беше да се зачува целовитоста на руската држава која нашите предци ја граделе илјада години“, додаде Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ