недела, 14 декември 2025

Путин: Сè оди по планот, наскоро ќе претставиме ново оружје

Рускиот претседател Владимир Путин одржа прес конференција по посетата на Душанбе, каде што изјави дека Русија се држи до договорот постигнат со американскиот претседател Доналд Трамп на Алјаска, пренесува руската државна новинска агенција РИА Новости.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Се согласивме со Доналд дека ќе мора да размислам во Москва и да разговарам со нашите колеги и сојузници. Тој ми го кажа истото. Ова се сложени прашања кои бараат дополнителна разработка, но остануваме врз основа на таа дискусија која се одржа во Енкориџ“, кажа рускиот лидер.

Тој истакна дека сè уште постои можност за зачувување на Договорот за стратегиско офанзивно намалување и ограничување на оружјето (СТАРТ).

„Дали овие неколку месеци ќе бидат доволни за да се донесе одлука за продолжување? Мислам дека ќе бидат доволни, ако има добра волја (од САД) да се продолжат тие договори“, кажа рускиот лидер.

Сепак, ако САД одлучат дека не се заинтересирани за зачувување на договорот, Путин тврди дека ништо критично нема да се случи. „Во овој поглед, сè оди според планот кај нас“, кажа тој.

Според него, трката во вооружување е веќе во тек, а некои земји се подготвуваат за нуклеарни тестови. Тој најави дека Русија наскоро ќе ги обнови своите арсенали.

„Ја завршуваме работата и мислам дека наскоро ќе имаме можност да го објавиме новото оружје што го најавивме претходно“, кажа Путин.

Тој коментираше и за фактот дека Трамп сепак не ја доби Нобеловата награда за мир, истакнувајќи дека американскиот лидер вложува големи напори за прекинување на конфликтите низ целиот свет.

„Имаше случаи кога комитетот ја додели Нобеловата награда за мир на луѓе кои не направија ништо за мирот. Според мене, со тие одлуки, тие предизвикаа огромна штета на авторитетот на таа награда“, оцени Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ