„Вие цврсто стоите зад Русија, за Русија, дејствувајќи координирано и ефикасно“, рече Путин, пренесе руската државна новинска агенција Тасс.
Тој додаде дека „компетентните и храбри акции на војниците овозможиле планирање и изведување офанзивни операции во најинтензивните сектори“.
„Меѓу присутните има претставници на командата, офицери од специјалните и оперативните единици. Вашите компетентни и храбри акции, вашата лична храброст и решителност помогнаа нашите трупи внимателно да ги испланираат и брилијантно да ги извршат офанзивните операции на најинтензивните сектори и правци“, оцени Путин.






