вторник, 15 јули 2025

Путин: Русија мора да ја брани одлучувачката улога на својот народ во победата над нацизмот

Русија мора цврсто да ја брани историската вистина за настаните од Втората светска војна и одлучувачката улога која нејзиниот народ ја одигра во победата над нацизмот, изјави рускиот претседател Владимир Путин, отворајќи ја седницата на Советот за безбедност.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Путин повика на зачувување и јакнење на кохезијата на руското општество и потсети дека на 9 мај земјата ја прослави 80-годишнината од Победата во Големата татковинска војна.

„Борејќи се за слобода, нашиот народ покажа инспиративен пример на единство и патриотизам. А чувањето на сеќавањето на храброста и достигнувањата на генерацијата на победниците има огромно морално, општествено и државно значење за нас, за нашата иднина“, порача рускиот лидер.

Систематската работа на историското образование и борбата против фалсификувањето на историјата мора да продолжи, додаде Путин.

„Сметам дека тоа е многу важно“, заклучи тој.

Тој истакна и дека заштитата на традиционалните вредности е директно поврзана со обезбедувањето на суверенитетот, решавањето на прашањето на демографијата и образованието на младите.

Путин на седницата на Советот за безбедност потсети дека внатрешните немири и превирањата во руската историја најчесто биле поттикнувани од надвор.

„Кој и да сакал да ја ослаби Русија, провоцирал токму вредносни и национални раздори. Важни ни е да го штитиме и јакнеме единството на општеството“, истакна рускиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ