Зборувајќи на форумот Знаење. Пионери во Москва, Путин изјави дека и понатаму постојат луѓе на Западот кои ги делат руските вредности, вклучувајќи ги и оние кои се борат на руска страна во Украина.
„Немам сомнеж дека порано или подоцна нашите односи со Европа ќе се обноват. Тоа е сигурно“, кажа Путин.
Рускиот претседател истакна дека дури и во сегашните „предизвикувачки околности“ постојат такви кои имаат храброст да го артикулираат сопствениот став за актуелните настани, како и за историските случувања од Втората светска војна.
„И денес, некои граѓани на Франција се борам рамо до рамо со нашите војници во зоната на специјалната воена операција и ја нарекоа својата единица Нормандија-Неман, токму како нивните дедовци и прадедовци“, кажа рускиот претседател.
Тој потсети дека за време на Втората светска војна полкот Нормандија-Неман бил составен од француски борци кои, по падот на Франција, му се приклучиле на Советскиот Сојуз и се бореле против нацистичка Германија.
Путин објасни зошто Русија официјално ги води злосторствата на нацистичка Германија на советска територија за време на Втората светска војна како геноцид.
„Не станува збор за барање непријател во минатото, туку за начин на целиот свет да му ја пренесеме вистинската природа на настаните од тој период“, кажа Путин. Тој додаде дека разбирањето на тие историски факти помага во сфаќањето на денешниот став на Русија.
Зборувајќи за Курската област, Путин кажа дека руските сили за време на викендот прогласиле нејзино ослободување, но дека „одделни украински единици и понатаму се кријат“.
„Слушаме што зборуваат – бараат евакуација. Но евакуација не е можна бидејќи има расфрлени групи од две или три лица кои седат некаде во шуми, во пештери, во целосна изолација“, кажа тој.
Путин додаде дека некои украински војници се заробени и испратени назад за да ги викнат своите соборци да се предадат.