„Русија, како и Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), никогаш немала никакви докази дека Иран се подготвува да развие нуклеарно оружје, како што постојано го предупредувавме израелското раководство“, истакна Путин.
„Русија е подготвена да го поддржи Иран во развојот на мирнодопска нуклеарна програма“, рече Путин, додавајќи дека Иран има право на тоа. На економскиот форум вчера во Санкт Петербург, Путин кажа дека Русија ги споделува своите идеи за тоа како да се запре крвопролевањето во конфликтот Израел и Иран со двете страни.