среда, 4 март 2026

Путин: Размислуваме веднаш да ги прекинеме испораките на гас за Европската Унија

Русија би можела да се повлече од европскиот пазар на гас и да ги пренасочи своите испораки на друго место, без да чека Европската Унија да го забрани нејзиниот увоз, изјави претседателот Владимир Путин денеска, откако Кремљ го прими унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тука нема политички мотив. Но ако нѐ исклучат за еден или два месеци, подобро би било да престанеме уште сега и да се пренасочиме кон земји што се сигурни партнери и таму да се утврдиме. Но тоа сѐ уште не е одлука, туку само размислувам наглас, така да се каже. Секако ќе ѝ наложам на владата да работи на ова прашање со нашите компании“, изјави Путин.

Москва би можела наместо тоа да ги пренасочи испораките кон „пазари во подем“, имајќи ја предвид повеќепати искажуваната намера на Европската Унија целосно да се откаже од руските ресурси, посочи Путин. Енергетската криза во Европската Унија е резултат на „погрешните политики“ што ги спроведуваат властите на блокот „многу години“, додаде тој.

Русија „секогаш била и останува сигурен снабдувач со енергија“ за сите свои партнери, вклучително и европските држави, истакна рускиот претседател. Москва е подготвена да продолжи да работи на таков начин со оние партнери „што и самите се сигурни“, додаде тој.

„На пример, со оние во Источна Европа — Словачка и Унгарија. Ние ги снабдуваме со нашите енергетски ресурси, и нафта и гас, и имаме намера да продолжиме да го правиме тоа и во иднина. А раководствата на тие земји ќе ја водат истата политика како и денес, односно ќе ни бидат сигурни“, објасни претседателот.

По состанокот со Путин, Сијарто откри дека Будимпешта обезбедила гаранции за снабдување со нафта и гас од Москва. Русија и Унгарија се согласиле да работат на диверзификација на маршрутите за снабдување со енергетски ресурси, рече тој.

„Се договоривме дека ако транспортните рути станат недостапни од различни причини, секогаш ќе бараме алтернативни решенија. На пример, ако транспортот на нафта преку нафтовод продолжи да се соочува со тешкотии, ќе разгледаме можности за поморски транспорт“, изјави дипломатот во видеообраќање објавено на Фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ