среда, 18 јуни 2025

Путин: Разговорот со Трамп „суштински и извонредно искрен“

Путин наводно најавил можност за прекин на огнот по двочасовниот разговор со Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, кој траел повеќе од два часа, сега е завршен, објавија руските државни медиуми. Рускиот претседател го опиша разговорот како „информативен, искрен и многу корисен“, пренесува РИА новости.

Путин наводно му се заблагодарил на Трамп за неговата улога во обновувањето на директните разговори меѓу Москва и Киев.

„Му се заблагодарив на претседателот на Соединетите Американски Држави за поддршката на САД во продолжувањето на директните преговори меѓу Русија и Украина“, рекол Путин.

„Американскиот претседател го изрази својот став за прекинот на огнот. Од моја страна, забележав дека Русија е исто така посветена на мирно решавање на украинската криза. Едноставно треба да ги утврдиме најефикасните начини за постигнување мир“, додал тој, според руските државни медиуми.

Според државните медиуми, Москва изразила подготвеност да работи на меморандум со Украина што би содржел прекин на огнот. Путин наводно рекол дека тие „генерално се на вистинскиот пат“, но повторил дека двете страни ќе мора да се согласат на компромиси. „Привремен прекин на огнот во Украина е можен доколку се постигнат соодветни договори“, рекол наводно рускиот претседател Владимир Путин.

Тасс објави дека Путин рекол дека Русија е подготвена да соработува со Киев на меморандум за иден мировен договор.

Путин рекол дека „треба да се отстранат основните причини за конфликтот“.

„Се согласивме со претседателот на Соединетите Американски Држави дека Русија ќе предложи и е подготвена да соработува со украинската страна на меморандум за можен иден мировен договор, кој би дефинирал многубројни елементи, на пример принципите на решението, условите за можен договор“, рекол Путин пред новинарите во близина на црноморското одморалиште Сочи.

Путин рекол дека доколку се постигнат соодветни договори, може да дојде до прекин на огнот, додавајќи дека директните преговори меѓу Русија и Украина „даваат причина да се верува дека генерално сме на вистинскиот пат“. „Сакам да нагласам дека руската позиција е сосема јасна. За нас, најважно е да се елиминираат основните причини за оваа криза. Потребно е само да се утврдат најефикасните начини за постигнување мир“, рече Путин.

Белата куќа потврди дека завршил телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин.

Телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин траеше повеќе од два часа, потврдил за Си-ен-ен функционер на Белата куќа.

Пред разговорот, Белата куќа соопшти дека Трамп станал „фрустриран“ и од Владимир Путин и од Володимир Зеленски.

Самиот американски претседател изразил надеж дека „денот ќе биде продуктивен“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ