понеделник, 14 јули 2025

Путин разговараше телефонски со израелскиот премиер и иранскиот претседател

Рускиот претседател го осудил израелскиот напад и изразил сочувство до Иран, според прес-службата на Кремљ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот претседател Владимир Путин оствари телефонски разговори со својот ирански колега, Масуд Пезешкијан, и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, при што разговарале за ескалацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.

Израел ноќта изврши голем напад врз Иран, насочен кон нуклеарни објекти и разни воени објекти. Нападите продолжија и во текот на денов, нанесувајќи значителна материјална штета и жртви меѓу највисокото воено раководство на Иран и, наводно, кај познати нуклеарни научници.

„Рускиот претседател изрази сочувство до раководството и народот на Исламската Република Иран во врска со многубројните човечки жртви, вклучително и цивили, како резултат на израелските напади“, се вели во денешното соопштение на прес-службата на Кремљ.

Русија „ги осудува постапките на Израел, кои ја кршат Повелбата на ОН и меѓународното право“, нагласил Путин, според соопштението. Во исто време, рускиот лидер изразил спремност да посредува и да „продолжи да придонесува за деескалација на конфликтот меѓу Иран и Израел“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ