петок, 9 мај 2025

Путин промовираше нови закони што уште повеќе ја заоструваат борбата против неистомислениците

Рускиот претседател Владимир Путин вчера промовираше серија нови закони чија цел е дополнително да ги ограничат оние што се противат на неговата политика, особено оние што не се согласуваат со офанзивата против Украина започната во 2022 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Така, новите закони го прават кривично дело дискредитирањето на руската војска или повикувањето на санкции против Москва.

Забрането е и помагање во спроведувањето на одлуките на меѓународните организации во чиј состав не е Москва, во кои може да биде вклучен и Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг, кој издаде налог за апсење на Владимир Путин во 2023 година.

Друг нов закон сега им забранува на таканаречените „странски агенти“, етикета што се користи за критичарите на Кремљ, да седат во одборите на јавните претпријатија.

Таканаречениот закон за „странски агенти“ беше донесен во Русија во 2012 година и во голема мера отежнува голем број административни процедури. Исто така, ги обврзува таргетираните лица да се идентификуваат како странски агенти доколку објавуваат на социјалните мрежи.

Москва неодамна ги заостри регулативите за овие лица, забранувајќи рекламирање во медиумите што им припаѓаат на „странски агенти“ и таргетирајќи ги нивните авторски права.

На списокот на странски агенти има околу илјада поединци и организации, меѓу кои музичари, писатели и познати новинари.

Новиот текст на законот е дел од зголемениот притисок на Москва врз сите што зборуваат против нејзината политика и нападот врз Украина започнат во 2022 година, пишува агенцијата Франс прес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ