недела, 21 декември 2025

Путин предупредува: Една работа може да ги уништи односите со САД

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека испораката на американски ракети „томахавк“ за Киев ќе ги уништи позитивните трендови што се појавија во односите меѓу Русија и САД.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Имаше прашања поврзани, на пример, со дискусија за проблемите со испораките на нови системи за оружје, вклучувајќи ги и системите „томахавк“ со долг дострел и висока прецизност, и така натаму. Веќе реков дека ова ќе доведе до уништување на нашите односи, барем на позитивните трендови што се појавуваат во овие односи“, изјави Путин во интервју за новинарот на телевизијата Росија 1, Павел Зарубин, пренесува РИА Новости.

Путин претходно изјави дека доколку Киев употреби ракети „томахавк“, тоа ќе ги наруши односите меѓу Русија и САД.

Тој истакна дека употребата на овие ракети во Украина би била невозможна без директно учество на американски војници.

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс претходно изјави за Фокс њуз дека администрацијата на Трамп размислува за можна испорака на крстосувачки ракети „томахавк“ во Украина, но дека конечната одлука е на американскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ