Москва е подготвена да придонесе во иницијативата „Одбор за мир“ на американскиот претседател Доналд Трамп, рекол денеска претседателот Владимир Путин пред рускиот Совет за безбедност.
Тој предложил за исплатата од 1 милијарда долари, потребна за да се добие постојано место во одборот, да се искористат руските средства замрзнати во САД.
Иницијативата предвидува формирање меѓународен совет што ќе управува со финансирањето, безбедноста и политичката координација во Газа, за време на преоден период по прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас. Телото би работело заедно со палестинската технократска администрација.
Трамп излезе со идејата откако САД посредуваа во постигнувањето на примирјето минатата година.






