понеделник, 22 декември 2025

Путин по санкциите на Трамп испрати специјален пратеник во САД

Специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин, Кирил Дмитриев, е во САД на состанок со претставници на администрацијата на Трамп, вклучувајќи го и специјалниот пратеник Стив Виткоф, објавија денес медиумите.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Дмитриев треба да се сретне со американски претставници за „продолжување на дискусиите за односите меѓу САД и Русија“, пренесува Си-ен-ен, повикувајќи се на информирани извори.

Средба утре во Мајами

Аксиос пренесе дека Дмитриев ќе се сретне со Виткоф утре во Мајами. Претседателот Доналд Трамп порано оваа недела воведе санкции врз две од најголемите руски нафтени компании за да го принуди Путин да стави крај на војната во Украина.

Трамп разговараше со Путин телефонски минатата недела и најави дека двајцата лидери наскоро ќе се сретнат, но состанокот беше одложен.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ