понеделник, 11 август 2025

Путин: Ова е вистинската причина за конфликтот меѓу Западот и Русија

Противречностите меѓу Русија и Западот не произлегуваат од идеологија, туку од геополитички интереси, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за руската државна телевизија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Многу луѓе веруваат, а и јас така мислев, дека овие противречности главно се темелеа на советската комунистичка идеологија“, рече Путин. Но, додаде тој, „непочитувањето на стратешките интереси на Руската Федерација продолжи дури и по распадот на Советскиот Сојуз“.

„Ми стана очигледно дека идеологијата можеби игра улога, но дека овие противречности сепак произлегуваат од геополитички интереси“, заклучи тој.

Путин исто така рече дека Велика Британија, Франција и другите поранешни колонијални сили сè уште делумно ја обвинуваат Русија за губењето на својата империја, додавајќи дека и денес ја чувствува таа историска негативна перцепција кон Русија.

„Но, работата е во тоа што по Втората светска војна и Соединетите Американски Држави соработуваа со Советскиот Сојуз во разградувањето на тие империи, барем до одредена мера. Работеа на тоа да им помогнат на колониите да ја вратат својата независност и суверенитет“, рече Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ