понеделник, 2 март 2026

Путин: Ова е исклучително опасно

Рускиот претседател Владимир Путин денес разговарал со четворица клучни лидери на државите од Персискиот Залив, предупредувајќи дека американските и израелските напади врз Иран би можеле да прераснат во поширок регионален конфликт, јавува Си-ен-ен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По разговорот со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, Кремљ соопшти дека „двете страни изразиле сериозна загриженост поради реалниот ризик од ширење на зоната на конфликтот, кој веќе зафатил територии на повеќе арапски земји и носи катастрофални последици“.

Путин ја нагласил потребата од дипломатија за решавање на „исклучително опасната ситуација“, додека, според Кремљ, саудискиот престолонаследник порачал дека Москва, благодарение на добрите односи и со Иран и со државите од Заливот, би можела да има стабилизирачка улога.

Русија во повеќе наврати ги осуди американските и израелските напади, како и убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи.

Путин разговарал и со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед ал Нахјан. „Двете страни ја нагласија неопходноста од прекин на непријателствата и враќање кон политички и дипломатски процес“, соопшти Кремљ.

Кремљ соопшти и дека Путин и катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани во телефонски разговор „изразиле загриженост поради ризикот од ширење на конфликтот на Блиски Исток и опасноста во него да бидат вовлечени трети земји“.

Рускиот претседател разговарал и со кралот на Бахреин, наведува Кремљ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ