Зборувајќи на седница на Рускиот совет за безбедност, Путин кажа дека Русија „никогаш не го отфрлила развојот на тие односи, како и нивното обновување“, според транскриптот кој го објави Кремљ.
Путин повторно го наведе соборувањето на украинскиот претседател Виктор Јанукович по државниот удар во 2014 година како причина за раздорот.
Рускиот претседател го истакна државниот удар поддржан од Соединетите Американски Држави и неколку европски земји, објави агенцијата ДПА.
Според него, ова го означи почетокот на „низата трагични настани кои сè уште се случуваат во Украина денес“.
Советот за безбедност треба да ја разгледа состојбата на односите со европските земји, а особено со Европската Унија, заклучи Путин.
На истиот состанок, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров даде проценка на тие односи, но Кремљ не ги објави деталите од неговото обраќање.






