недела, 15 јуни 2025

Путин не доаѓа во Истанбул

Рускиот претседател Владимир Путин го утврди составот на руската делегација што ќе патува во Турција на преговори со Украина, соопшти Кремљ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Делегацијата ја предводи помошникот на рускиот претседател Владимир Медински.

Во делегацијата се и заменик-министерот за надворешни работи на Русија Михаил Галузин, началникот на Главната дирекција на Генералштабот на руската војска Олег Костјуков и заменик-министерот за одбрана Александар Фомин.

Исто така, назначен е и тим од експерти кои ќе учествуваат во преговорите.

Директните преговори меѓу двете страни ќе се одржат во четврток во Истанбул, пренесува Спутник.

Медински ја предводеше руската делегација во преговорите со Киев во 2022 година исто така во Истанбул.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ