вторник, 30 декември 2025

Путин нареди „тивка мобилизација“

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за повикување на резервниот состав за воени вежби во 2026 година со цел заштита на клучните инфраструктурни објекти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Оваа мерка, протолкувана од прозападните руски медиуми како форма на таканаречена „тивка мобилизација“, е продолжение на законот донесен кон крајот на октомври, кој му дозволува на Кремљ да ангажира резервисти дури и во мирновременски услови, бидејќи Русија формално не ѝ објавила војна на Украина, објави руската државна новинска агенција ТАСС.

Според новата регулатива, која стапува на сила денес, руската влада е задолжена за креирање список на критично важни објекти и инфраструктура под посебен режим на заштита.

Истовремено, Министерството за одбрана ќе ги одреди воените единици кои ќе спроведуваат вежби за обезбедување на овие објекти. Акцентот е ставен на енергетскиот и транспортниот сектор, кои во последните месеци се повеќе се цел на напади со беспилотни летала и саботажи, што дополнително ја оптоварува руската противвоздушна одбрана.

Иако руските власти, при донесувањето на законот во октомври, нагласија дека не станува збор за мобилизација, туку за целно користење на резервите, прозападниот руски портал Медуза проценува дека оваа законска рамка во пракса претставува „тивка мобилизација“.

Според нивната анализа, со делумно активирање на резервите за заштита на инфраструктурата, Кремљ се обидува да ги зголеми своите воени капацитети без формално да прогласи општа мобилизација, што би можело да предизвика негативни општествени и политички реакции во Русија. Овој пристап им овозможува на властите поголема флексибилност и постепено зајакнување на воениот ангажман без донесување политички чувствителни одлуки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ