Кремљ соопшти дека 72-часовниот прекин на огнот ќе трае од 8 мај до 10 мај.
„Сите воени активности се прекинуваат за време на овој период. Русија смета дека и украинската страна би требало да го следи овој пример“, се наведува во соопштението.
„Во случај на кршење од страна на Украина, оружените сили на Русија ќе дадат соодветен и ефикасен одговор“, се истакнува.
Киев сè уште не реагирал на едностраната најава на примирјето, втора во краток временски период која ја дава Путин, по 30-часовното велигденско примирје за кое двете страни се обвинуваа за бројни кршења.
Во заднината на растечкото незадоволство на Соединетите Американски Држави, двете мерки изгледаат како обид на Кремљ да му испратат сигнал на американскиот претседател Доналд Трамп дека Русија и понатаму е заинтересирана за мир, пишува Ројтерс. Украина и нејзините европски сојузници порачаа дека не веруваат во тоа.
Најновата објава следи откако Трамп го критикуваше Путин поради смртоносниот руски напад на Киев минатата недела и за време на викендот и изрази загриженост дека Путин „само го влече“.
Вашингтон повеќе пати се закани дека ќе се откаже под мировната иницијатива ако не дојде до вистински напредок.