понеделник, 15 декември 2025

Путин најави распоредување нови руски ракети во Белорусија

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека земјата почнала со сериско производство на најновите хиперсонични ракети и планира да ги распореди во Белорусија подоцна оваа година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Седејќи до белорускиот претседател Александар Лукашенко на Валамскиот архипелаг на езерото Лагода во Русија, Путин кажа дека војската во Белорусија веќе одбрала локации за распоредување на балистичката ракета со среден дострел „орешник“.

„Подготовките се во тек и најверојатно ќе ги завршиме пред крајот на годината“, кажа Путин, додавајќи дека првата серија проектили „орешник“ и нивните системи се произведени и пуштени во воена употреба.

Русија првпат ја употреби ракетата „орешник“, што на руски значи лешник, против Украина во ноември, кога испука експериментално оружје во фабрика во Днепар која произведувала ракети кога Украина беше дел од Советскиот Сојуз.

Путин ги пофали капацитетите на „орешник“, велејќи дека е имуна на пресретнување.

Тој го предупреди Западот дека Москва може да ја употреби против сојузниците на Украина во НАТО, кои му дозволија на Киев да ги користи нивните ракети со долг дострел за напади во Русија.

Ракетите со среден дострел можат да летаат помеѓу 500 и 5.500 километри. Таквото оружје беше забрането според договорот од советската ера кој Вашингтон и Москва го напуштија во 2019 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ