недела, 13 април 2025

Путин му се заблагодари на Лукашенко: Александар, ти благодарам за пратката со експлозив

Владимир Путин и Александар Лукашенко телефонски разговараа вечерва, кога рускиот лидер му се заблагодари на својот белоруски колега што ја задржал големата пратка со експлозив што се транспортирала во Русија, соопшти кабинетот на претседателот на Белорусија.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Путин побара да се пренесе благодарност и колку што е можно да се охрабрат специјалистите и експертите кои го откриле и идентификувале опасниот товар, пренесе РИА Новости.

Белоруските царински службеници спречија нелегален увоз од Полска на најголемото количество експлозив во историјата на земјата, што, според планот, требаше да биде транспортирано во Русија, објави прес-службата на Државниот царински комитет на Република Белорусија на својот канал Телеграм.

„Белоруската царинска служба спречи увоз на територијата на Евроазиската економска унија на најголемата серија експлозиви во историјата на Белорусија: 580 килограми многу моќен експлозивен материјал од странско потекло, најверојатно од САД. Четириесет и едногодишен возач се обидел да ја пренесе преку белоруско-полската граница, со намера да ја пренесе понатаму во Русија“, се вели во соопштението.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека Путин и Лукашенко разговарале и посочил дека за време на разговорот се разговарало за прашањата за интеракцијата меѓу двете земји, како и за темата за соработката меѓу специјалните служби на двете земји во борбата против тероризмот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ