Тој го изјави ова еден ден по состанокот на европските сојузници на Киев посветен на безбедносните гаранции.
„Ако некои сили стапнат таму, особено сега кога се водат борбите, ќе претпоставиме дека тие се легитимни цели“ за руската војска, кажа Путин на економскиот форум во Владивосток.
„И ако се донесат одлуки кои водат кон мир, траен мир, едноставно не ја гледам целта на нивното присуство“ на украинска територија, додаде Путин.
Тој кажа дека „никој не треба да се сомнева дека Русија целосно ќе ги почитува“ идните безбедносни гаранции за Украина.
На самитот на Коалицијата на спремните, предводена од францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, 26 земји, претежно европски, вчера „формално се обврзаа“ да „распоредат трупи во Украина како сили за поддршка или да бидат присутни на копно, на море или во воздух“, според Макрон.






