„Вистината е на наша страна. Сите цели ќе бидат постигнати“, рече Путин во видео обраќање и им го честиташе на Русите „Денот на обединувањето“ со украинските региони Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон, кој Русија го слави на 30 септември.
Тој го поздрави „судбоносниот настан“ потребен за заштита на жителите од тие области кои зборуваат руски јазик од „неонацистичката диктатура и радикалниот национализам“.
„Ние не ги напуштивме нашите браќа и сестри“, истакна Путин, а потоа повторно ја бранеше „потребата и легитимноста на специјалната воена операција“, како што руската влада ја нарекува бруталната офанзива против Украина.
„Денес се бориме за безбедна и успешна иднина на нашите деца и нашите внуци“, истакна тој.
Путин ја потпиша официјалната анексија на украинските региони на 30 септември 2022 година, иако Москва не ги контролира целосно.






