Либиските власти објавија во текот на вчерашниот ден дека бродот потонал помеѓу Малта и Либија.
„Тоа ја влошува ситуацијата на глобалните енергетски пазари, на пазарите на гас, вклучително и во овој случај пред сè Европа“, кажа Путин на руската државна телевизија.
Рускиот претседател оцени дека „украинскиот режим ја гризе раката од која јаде, раката на Европската Унија“.
Претходно вчера руските власти ја обвинија Украина дека го потопила бродот со помош на поморски беспилотни летала.
Украинските власти засега не се огласија за нападот на рускиот брод.






