Целта на иницијативата, која беше објавена за време на првата посета на Путин на Индија од почетокот на војната во Украина, е значително да се прошират трговските односи надвор од договорите за нафта и оружје. Путин вчера пристигна во дводневна посета на најнаселената земја во светот.
Двете земји работат на договор за слободна трговија меѓу Индија и Евроазиската економска унија предводена од Русија, која ги вклучува и Ерменија, Белорусија, Казахстан и Киргистан, истакна Моди.
Путин го гледа економското групирање како ефикасна алатка против западните санкции воведени како одговор на конфликтот во Украина. Досега, Индија зазеде прагматичен став во врска со конфликтот, продолжувајќи да одржува добри односи и со Москва и со Западот.
Индија ги покрива поголемиот дел од своите потреби за сурова нафта од руски увоз и увезува голем дел од својата воена опрема од Русија. Москва ги користи профитите од продажбата на нафта за финансирање на војната, чие окончување го бара и Моди.






