петок, 23 мај 2025

Путин го покажа својот апартман во Кремљ (ВИДЕО)

Претседателот на Русија Владимир Путин му го покажа на новинарот Павел Зарубин својот апартман во Кремљ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според кадрите од документарниот филм „Русија. Кремљ. Путин. 25 години“, неговиот апартман се наоѓа многу блиску до канцеларијата, што се гледа на снимката објавена на социјалните мрежи.

„Да, ова е станот“, вели Путин, отворајќи ја вратата и поканувајќи го Зарубин да влезе. „Како што гледате, не е далеку“.

Во други делови од филмот, објавени претходно, шефот на руската држава признал дека во последните три години ноќите главно ги минува во Кремљ.

Путин ги покажал и библиотеката и двете спални соби, а на снимката се гледа дневната соба со портретот на царот Александар Трети, кон кој рускиот претседател повеќе пати искажал восхит.

Документарниот филм „Русија. Кремљ. Путин. 25 години“ ќе биде целосно прикажан во недела, 4 мај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ