ТАСС го цитира Путин, кој зборувал за руската вселенска политика на состанок со студенти: „Знаете, постои една личност која живее во САД, може да се каже дека е сосема луд по Марс“.
Тој направил споредба меѓу Маск и Коровљов, кој бил клучен во испраќањето на Јури Гагарин како прв човек во вселената во 1961 година.
„Таквите луѓе ретко се појавуваат во човечката популација, опремени со одредена идеја. Иако денес тоа може да се чини неверојатно, по некое време тие идеи најчесто се остваруваат“, кажа Путин.
Ова не е првпат рускиот претседател да го пофали американскиот мултимилијардер. Тој претходно го опиша како „исклучителна личност“.
Маск е еден од главните советници на американскиот претседател Доналд Трамп, и станува сè погласен во критикувањето на Украина, каде од 2022 година се води војна меѓу руските и украинските сили масовно помогнати од Западот.