недела, 14 декември 2025

Путин: Ерата на глобализацијата е зад нас, свртете се кон сопствените валути

Рускиот претседател Владимир Путин им порача на лидерите на БРИКС дека ерата на либералната глобализација е застарена и дека иднината им припаѓа на брзорастечките пазари кои треба да ги користат своите национални валути за трговија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Путин се обрати на самитот во Рио де Жанеиро преку видео врска бидејќи на сила против него е потерницата на Меѓународниот кривичен суд, во која е обвинет за воени злосторства во Украина. Москва ги отфрла обвинувањата како неосновани и бесмислени.

БРИКС е група земји во кои живеат 45 отсто од светската полулација.

„Сè укажува на фактот дека моделот на либерална глобализација станува застарен“, кажа Путин во видео порака. „Фокусот на економската активност се насочува кон пазарите во развој“.

Путин, исто така, ги повика земјите од БРИКС да ја зајакнат соработката во сферите на природните ресурси, логистиката, трговијата и финансиите.

Шесте главни членки на БРИКС – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка – имаат БДП од 28 билиони долари, а Г7 повеќе од 51 билион долари, според Меѓународниот монетарен фонд.

Поголемиот дел од економската моќ на БРИКС, во кој се вклучени и Египет, Етиопија, Индонезија, Иран и Обединетите Арапски Емирати, доаѓа од Кина, која сочинува повеќе од 60 проценти од вкупната економска моќ на БРИКС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ