среда, 18 март 2026

Путин: Два пати сакавме да се придружиме на НАТО, два пати нè одбија (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин изјави за време на денешниот говор на 22-от годишен форум на Меѓународниот дебатен клуб Валдај дека Москва двапати изразила подготвеност за приклучување во НАТО, во 1954 и 2000 година, но била одбиена.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според него, американскиот претседател Бил Клинтон првично ја признал таквата можност, но подоцна „сменил мислењето“ по консултации со соработниците.

„Нашата земја, обидувајќи се да ги отстрани причините за блоковската конфронтација и да создаде заеднички безбедносен простор, двапати ја објави својата подготвеност за членство во НАТО. Првиот пат во 1954 година, а вториот пат за време на посетата на американскиот претседател Клинтон на Москва во 2000 година, и практично бевме одбиени, уште на самиот праг…

Нашите западни колеги не се подготвени да се откажат од заробеништвото на геополитичките и историските стереотипи. Разговарав лично со Клинтон и тој ми кажа дека е можно. А потоа вечерта ми кажа: „Се консултирав со своите луѓе и… па, тоа е нереално“, кажа Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ