„Тој (Путин) е подготвен. Ми се јави по тој повод. Разговаравме за тоа долго време“, рече американскиот лидер во интервју за Еј-би-си њуз.
Тој додаде дека САД „исто така би можеле да интервенираат“ во конфликтот, но „во моментов не се вклучени“.
Кирил Дмитриев, раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции, исто така нагласи дека Русија би можела да игра клучна улога во посредувањето во конфликтот на Блискиот Исток.
Тој претходно напиша објава во која рече дека во моментов се работи на договор меѓу Израел и Иран и дека „наскоро ќе има мир“, пренесува Спутник.