недела, 14 декември 2025

Путин: Ако некој е разочаран од досегашните преговори, имал преголеми очекувања

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека се надева дека мировните преговори меѓу Русија и Украина ќе продолжат и дека работните групи би можеле да разгледаат можни компромиси, но дека целите на Москва остануваат непроменети.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Една недела пред истекот на крајниот рок поставен од американскиот претседател Доналд Трамп за договор за прекин на огнот во Украина или закана со нови санкции, вклучително и за земјите што увезуваат руска нафта и гас, Путин не покажува дека Москва би можела да го промени својот став. Ако некој бил разочаран од исходот од преговорите досега, тоа е само последица на претерани очекувања, рече Путин.

Во разговор со новинарите на средбата со белорускиот претседател Александар Лукашенко во северна Русија, Путин кажа дека разговорите треба да се одржат „без камери и во мирна атмосфера“.

Тој истакна дека руските сили ги напаѓаат украинските сили по целата линија на фронтот и имаат замав. Притоа, тој се осврна на вчерашното соопштение на министерството за одбрана дека руските сили го зазеле градот Часив Јар по 16 месеци борби. Украина тврди дека Часив Јар не е под целосна руска контрола.

Путин, исто така, напомена дека првата серија од балистичките проектили „орешник“, по почетокот на масовното производство, тукушто е доставена до руската армија.

Денес, украинскиот претседател Володимир Зеленски, реагирајќи на изјавите на рускиот претседател, ја повтори својата подготвеност да седне на маса со Путин, велејќи дека Украина, кога станува збор за прекин на огнот, сака да „оди подалеку“ од изјавите и состаноците на пониско ниво.

„Ако ова се знаци на вистинска волја за завршување на војната на достоинствен начин и воспоставување вистински траен мир, тогаш Украина уште еднаш ја потврдува својата подготвеност за состанок на ниво на лидери во секое време“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Икс.

„Украина повикува да се оди подалеку од размена на изјави и состаноци на техничко ниво и да се одржат разговори меѓу лидерите на двете земји“, додаде Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ