сабота, 6 декември 2025

Путин: Ако Европа сака војна, ние сме спремни

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека Русија не сака војна со европските земји, но дека ако Европа сака војна, Русија е веднаш подготвена за борба.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Путин кажа дека европските сили поставуваат барања за можно мировно решение за Украина, што Москва го смета за апсолутно неприфатливо.

„Немаме намера да војуваме со Европа, но ако Европа го сака тоа и почне, ние сме подготвени од овој момент“, изјави Путин пред новинарите пред средбата со американскиот претставник Стив Виткоф во Москва.

Тој ги обвини Европејците дека сакаат да ги попречат американските напори за завршување на војната во Украина. „Тие немаат мировна програма, тие се на страната на војната“, истакна рускиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ