четврток, 29 мај 2025

Пукање во Русија, напаѓачите убија тројца полицајци (ВИДЕО)

Во Махакала, главниот град на руската република Дагестан, непознати лица убиле тројца полицајци, објавија руските медиуми.

Фото: Известија

Објавено на

часот

Сподели

Според првичните информации, нападот се случил на раскрсницата на улиците Керимова и Магомедтагирова.

Напаѓачите ненадејно отвориле оган врз полициската патрола, а потоа избегале од местото на злосторството со службеното возило на убиените полицајци. Еден од напаѓачите бил убиен.

„Двајца непознати мажи нападнаа сообраќајна патрола и отворија оган врз полицајците. Полицајците загинаа“, се вели во објавата на Телеграм каналот „112“.

Идентитетот на напаѓачите засега не е познат, а во тек е интензивна потрага. Властите потврдија дека напаѓачи украле полициско возило и избегале од местото на нападот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ