петок, 19 декември 2025

Пукање во Ерусалим, убиени се пет лица во автобус (ВИДЕО)

Пет лица беа убиени во пукање на периферијата на Ерусалим, соопштија израелските служби за итни случаи, додека полицијата соопшти дека сторителите се убиени.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сè уште не е јасно кој го извршил нападот или кој бил мотивот, пренесува Ројтерс.

Израелската полиција ги опиша напаѓачите како „терористи“, без да прецизира колкумина биле вклучени во инцидентот.

Службите за итни случаи претходно објавија дека 15 лица се ранети, а најмалку пет се во сериозна состојба со прострелни рани. Медицинските екипи, кои пристигнале на местото на настанот, нашле жртви како лежат на патот и тротоарот во близина на автобуската станица, од кои некои биле во без свест.

Според првичните информации, двајца напаѓачи се качиле во автобус и отвориле оган. Автобусот се движел по пат кој води до нелегалните еврејски населби во окупираниот источен Ерусалим.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ