вторник, 7 април 2026

Пукање пред израелскиот конзулат во Истанбул, тројца мртви (ВИДЕО)

Три лица се убиени, а двајца полицајци се повредени денеска во пукање во близина на зградата во која се наоѓа израелскиот конзулат во Истанбул, пренесе Си-ен-ен.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Три лица се убиени, а две се ранети денес во пукање во близина на израелскиот конзулат во Истанбул, известуваат турските медиуми.

Според турската телевизија Ен-ти-ви и Си-ен-ен Турк, трите убиени лица биле напаѓачи што ги застрелале турските безбедносни сили, додека двајцата повредени се полицајци.

На социјалната мрежа Икс е објавена и вознемирувачка снимка од пресметката со напаѓачите.

Зградата на конзулатот се наоѓа во истанбулската населба Бешикташ. Засега не е јасно дали конзулатот бил цел на нападот за време на инцидентот.

Конзулатот е затворен најмалку две години и во него нема персонал, изјавил член на локалната заедница за Џерусалем пост.

Извори за Ројтерс подоцна потврдиле дека во Турција нема израелски дипломати, ниту во конзулатот во Истанбул ниту во амбасадата во Анкара.

Една видеоснимка што ја видел Ројтерс прикажува полицаец како вади пиштол и се крие додека одекнуваат истрели. Едно лице било видено покриено со крв.

Во близина на израелскиот конзулат во Истанбул секогаш има силно полициско присуство, потсетува Ројтерс.

На социјалните мрежи се објавени телевизиски снимки што прикажуваат вооружена полиција како патролира низ областа по пукањето.

Турскиот министер за правда рече дека е покрената истрага.

Портпарол на израелското Министерство за надворешни работи изјави дека инцидентот се истражува и потврди дека во конзулатот немало персонал.

Се огласи и турскиот министер за внатрешни работи Мустафа Чифтчи, кој потврди дека три лица биле вклучени во пукањето со полицијата.

„Трите лица што учествуваа во оружениот судир со нашите полицајци се неутрализирани. Во судирот двајца наши херојски полицајци добија полесни повреди“, објави министерот на Икс и додаде дека напаѓачите се идентификувани.

„Утврдено е дека меѓу лицата, кои во Истанбул пристигнале со изнајмено возило од Измит, имало и едно лице што има врски со организација што ја злоупотребува религијата. Исто така е утврдено дека еден од двајцата терористи, кои се браќа, има досие поврзано со дрога“, напиша Чифтчи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ