Исмаил Ал-Тавабтех, директор на таа канцеларија, за Анадолија изјави дека „досега влегле 87 камиони што превезуваат разни видови помош“.
Според него, помошта била „доделена на меѓународни и локални организации како дел од напорите да се дистрибуира до нашиот палестински народ за барем делумно да се задоволат неговите итни хуманитарни потреби“.
Канцеларијата предупреди дека за да функционира животот во Газа, потребни се најмалку 500 камиони дневно со итна хуманитарна, медицинска и прехранбена помош, како и најмалку 50 камиони со гориво, со оглед на се поголемиот глад предизвикан од израелската блокада што трае повеќе од два месеци.
Од 2 март, Израел ги држи граничните премини затворени, спречувајќи влез на хуманитарна помош, со што територијата е турната во состојба на глад што веќе одзеде бројни животи.
И покрај меѓународните повици за прекин на огнот, израелската армија продолжи со бруталната офанзива врз Газа од октомври 2023 година, а досега се убиени речиси 53.700 Палестинци, претежно жени и деца.
Во ноември, Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) поради војната во енклавата.