недела, 11 мај 2025

Првиот приоритет на новата влада на Србија ќе биде воспоставување нормално функционирање на школите и факултетите

Мандатарот за состав на нова влада на Србија Ѓуро Мацут изјави денес, при претставувањето на владината програма на пратениците, дека Србија е уморна о поделби и блокади, дека мора да се работи на хармонизација на општеството, дека слогата може да се изгради со дијалог, толеранција, работа и изградба на систем на вредности, и порача дека негов прв приоритет ќе биде нормалното функционирање на школите и факултетите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ситуацијата која ја имаме во последните неколку месеци покажа дека во оваа област мораме веднаш да дејствуваме и многу да менуваме. Протестите и незадоволствата се природна манифестација на младоста, но не и блокадите и спречувањето другите да работат, да се школуваат и да живеат нормално. Моја обврска е сите незадоволства да ги средиме со нов устав и закон и да ги поддржиме младите во согласност со уставот и законите. За мене сите студенти се исти“, кажа мандатарот Мацут.

Тој додаде дека кога на другите им го ускратувате правото на движење и школување, тогаш може да се зборува за узурпатори.

„Потребна ни е реформа на образованието за вакви поделби повеќе да не се повторат. Да простиме ако треба и да се смириме поради Србија“, кажа тој.

Тој го почна говорот со зборовите на Милош Обреновиќ од 1831 година и порача дека најважна должност на носителите на власта, но и на сите граѓани, е да служат на татковината и заеднички и обединети да дојдат до целта на општото добро и напредокот на народот.

„Таа должност ги погодува сите луѓе, најмногу оние кои се на најистакнати државни функции, но и на секој наш граѓанин, без оглед дали е земјоделец, студент, професор, службеник, војник, судија или од која било друга професија. Ако тоа чувство го имаме сите и ако интересот е опстанокот на нашата држава над сите други интереси, тогаш среќно ќе ги извршиме сите свои обврски и ќе ја предадеме Србија подобра и поуредена на следните генерации“, кажа Мацут.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ