понеделник, 9 јуни 2025

Протестна прошетка низ Белград, пред владата се скандираше „Распишете избори“, „Рацете ви се крвави“ и „Пумпај“ (ВИДЕО)

Српските студенти кои организираат блокади тргнаа од Славија, еден од централните белградски плоштади, во протестна прошетка наречена „Внимавај кого бираш“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според предвидената траекторија, тие ќе прошетаат по „кругот на двојка“, односно трасата на која вози трамвајот број два, а на која се наоѓаат одделни државни институции и образовни установи.

Како што пренесува агенцијата Бета, поворката од Славија тргнала во правец на Економскиот факултет каде кратко се задржала, како и пред неколку други институции.

Тие прво застанеле пред зградата на српската влада каде скандирале „Распишете избори“, „Рацете ви се крвави“ и „Пумпај“,

На протестот сè уште пристигнуваат студенти и граѓани, а сообраќајна полиција ја обезбедува трасата по која се движи поворката и на која сообраќајот е блокиран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ